Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Кристијан Шишкоски Првенец на генерација во ОСУ „Св. Климент Охридски“

Охрид, 12. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – За прв пат оваа година, охридската Гимназија ОСУ „Св. Климент Охридски“ го додели признанието Првенец на генерацијата од редот на учениците од четврта година.

– Со големо задоволство објавуваме дека таа чест му припадна на ученикот Кристијан Шишкоски, кој од страна на училишната комисија е прогласен за Првенец на генерацијата 2022/23. Покрај позитивните особини како млад човек, сокласник и ученик, во своето четиригодишно образование, Кристијан зеде учество на многубројни натпревари од повеќе области, а сега е актуелно неговото заминување на Меѓународната олимпијада по физика во Токио како дел од националниот тим, информираат од ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Во изборот за оваа награда на училиштето била рангирана и ученичката Ева Китрозоска.

– И на двајцата ученици им посакуваме успех во нивното понатамошно школување, порачуваат од охридската Гимназија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука