Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Прекин во водоснабдувањето на потегот од ЕВН до Пожарна

Охрид, 14. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Поради интервенција на водоводната мрежа, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од улицата „Македонски Просветители“ на потегот од ЕВН до Пожарна, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.

Повеќе од половина месец охридски „Водовод“ работи на овој потег за целосна промена на водоводната линија.

– Имаше дефект истиот се санираше, меѓутоа ќе ја промениме целосно водоводната инсталација, што и претходно го најавувавме. Дел од цевките се променети, правевме и шахти за да не останува поголем дел жители без вода при дефект. И левата и десната страна беа на ист шибер, сега ставивме шахти да се одвоени. Со промена на водоводната линија се надеваме дека ќе се надминат сите проблеми, изјави неодамна за Супер радио и OhridPress директорот Марјан Ристески.

Од претпријатието се надеваат дека до пред почетокот на летната сезона ќе биде завршен и кракот од улицата покрај Пожарна, до пресек со улицата „Абас Емин“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука