јуни 14, 2023

Скопје/Струга, 14. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во врска со вчерашниот напад врз државјанин на Република Македонија, лицето Б.К. од струшкото село Лабуништа, Министерството за надворешни работи апелира за воздржаност од предвремени квалификации се’ до целосно расчистување на случајот.

– Во текот на вечерните часови, со осомниченото лице за нападот, А. Н. од Велешта, бил извршен службен разговор и известен е јавниот обвинител. Овој настан не смее да фрла сенка врз институционалните напори за негување на правата и интересите на помалите заедници, вклучително и напорите за уставно-правно загарантирани права за нив, меѓу нив и Бугарската заедница. Ја повикуваме јавноста и политичките субјекти од соседна Бугарија да им овозможат на институциите на државата да ги расчистат околностите на настанот и соодветно процесуираат, согласно законската регулатива, потенцираат од Министерството за надворешни работи на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука