ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Утринско капење на кеј „Македонија“ (Фото)

Охрид, 14. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Капењето во водите на Охридското Езеро кон средината на јуни, во нормални услови и не би била некоја посебна информација, но по скоро два месеци врнежи од дожд, тоа секако е интересно и долго очекувано, посебно за охриѓани.

Екипата на OhridPress утрово направи фотографии од две лица кои уживаа во утринско капење на кеј „Македонија“, на потегот пред хотел „Тино“.

Последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија, покажуваат дека температурата на водата во Охридското Езеро деновиве е околу 20 степени што е за околу 5 степени повисоко од просекот за јуни.

May be an image of blueprint and text

Според бројот на странски гости деновиве во Охрид, по се’ изгледа дека не очекува успешна и плодна сезона. Да се надеваме дека конечно и времето ќе се стабилизира и сите заедно ќе уживаме во уште едно долго и топло лето, исполнето со голем број гости од земјата и целиот свет. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука