Избор Локална самоуправа

Се реконструира повеќенаменското игралиште во село Горно Лакочереј

Охрид, 15. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат активностите за реконструкција и изградба на детски и повеќенаменски игралишта.

– Во тек е реконструкција на повеќенаменското игралиште во село Горно Лакочереј. Екипи на ЈП „Градски гробишта“ периодов вршат партерно уредување со бехатон плочки и поставуваат рабници, додека екипи на ЈП „Градски пазар“ се задолжени за монтажата на детските реквизити. Средствата за реализација на овој проект во целост се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, информираат од охридската локална самоуправа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука