Избор Локална самоуправа

Започнаа градежни активности за оформување на пристапот до улицата „Јордан Мијалков“

Охрид, 15. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На улицата „Јордан Мијалков“ во Охрид, во моментов се одвиваат градежни активности за оформување на пристапот.

– Се поставуваат рабници во прва фаза, а во втора фаза предвидено е асфалтирање на дел од улицата. Согласно предвиденото се планира да се асфалтираат околу 1.300 м2 површина. Тоа ќе овозможи непречен пристап преку улицата до станбените згради. Средствата за оваа активност се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, информираат од локалната самоуправа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука