Забава Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Објавена музичката програма на второто издание на Охридскиот вино фест

Охрид, 16. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Организаторите ја објавија програмата за второто издание на винскиот фестивал во Охрид, кој ќе се оддржи на 22-ри, 23-ти и 24-ти јуни на кеј „Македонија“, пред поранешниот хотел „Палас“.

– На отварањето на фестивалот во четврток на сцената ќе ги видиме Баклава, Миле Кузмановски и Куку Леле. Во петок доаѓаат Brass Brothers, охридските рокери The Backdoor Band и Luger, како и легендарните Нокаут, а на последниот ден во сабота Александар Јосифовски, Фиц енд Д’ инвизиблс (Студени нозе Greatest hits) и Фанк Шуи. Сите денови настанот ќе го отвара Dj RootBoy Selector од 18:00 часот, а бендовите ќе ги забавуваат гостите до 01:00 часот, информираат организаторите.

Додаваат дека богата музичка програма со македонски музички артисти е тоа што ќе го дополни уживањето во дегустацијата на македонските вина и вкусната храна.

– Се надеваме дека имаме програма со која ќе ги задоволиме различните вкусови на сите посетители и во позитивна атмосвера ќе се дегустира убаво вино.  Целта на фестивалот е да постане традиционален и да ја дополни богатата културна програма на Охрид, потенцираат од Ohrid Wine Fest. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука