Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка во центарот на градот, повреден 64-годишен охриѓанец

Охрид, 16. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 15-ти јуни 2023 година, во 21:45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата помеѓу булевар „Македонски просветители“ и улицата „Даме Груев“ во Охрид, 61-годишниот М.К. од Република Турција, управувајќи патничко моторно возило марка „Рено“ со шведски регистарски ознаки, удрил во 64-годишниот С.П. од Охрид.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.П., констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука