Здравје Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Тасески: После терапиите во „Валео“ повредата на Ахиловите тетиви стана минато и немав никакви проблеми (Видео)

Охрид, 16. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Најдобрите и во текот на јуни соработуваат со најуспешните. Центарот за физикална терапија „Валео“ и ракометарите на ГРК „Охрид“ заеднички до подобро здравје и повисоки спортски резултати.

Иван Тасески е миленик на охридската ракометна публика, бескомпромисен борец и пикер на ГРК Охрид.

– Во подготвителниот период имав воспаление на Ахиловите тетиви. Се обратив кај професионалниот тим на „Валео“. После терапиите повредата стана минато и немав никакви проблеми, вели Иван.

Од „Валео“ порачуваат дека за нашите најдобри ракометари обезбедиле третирање на повреди, физикална терапија и комплетна рехабилитација.

– Не дозволувајте болката да ве оддалечи од квалитетниот живот. До подобро здравје со клинички докажани методи и техники за физиотерапија. Задоволните пациенти се нашиот најголем успех. Да ја победиме болката заедно, порачуваат од „Валео“.

Додаваат дека во текот на јуни се спроведува посебна кампања со дел од најдобрите ракометари на ГРК „Охрид“, за промоција на спортот, здравиот начин на живот и секако бенифитите кои ги има овој вид терапија.

Центарот се наоѓа на улица „АСНОМ“, во населбата „Бејбунар“, а сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат на телефонот 071/506-818. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видеo: Be 1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука