Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Прекрасен настап и изведба на театарската претстава „Тоа беше само игра“ на фестивалот „Вдиши театар“

Охрид, 16. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Дождот синоќа не беше пречка за младите талентирани актери од Црвен крст Суботица, на вториот ден од Аматерскиот театарски фестивал „Вдиши театар“ во магичниот амбиент на црквата „Св. Софија“, да имаат прекрасен настап и изведба на театарската претстава „Тоа беше само игра“.

– Тие на сликовит и многу емотивен начин покажаа колку врсничкото насилство преку искажани зборови, постапки, навреди може негативно, па и фатално да влијае врз личноста, поединецот, но и целата заедница, упатувајќи силна и јасна порака за меѓусебна толеранција, почитување на различностите, љубов и соживот, информираат од охридскиот Црвен крст.

На третиот ден од фестивалот, охриѓани и гостите ќе имаат можност да го проследат настапот на театарската група од Црвен крст Крагуевац кои вечерва ќе ја одиграат театарската претстава „Твојата грешка ја чекаат“.

Претставата започнува во 20:00 часот, а поради лошите временски услови ќе се одигра во затворениот дел во предворјето на црквата „Св. Софија“. Влезот за сите посетители е слободен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука