ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Првата дама Елизабета Ѓоргиевска правеше охридски деликатеси со Наташа Неданоска од „Пирустија Неданоски“ и Slow Food Ohrid за најранливите граѓани

Скопје/Охрид, 16. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Првата дама на Република Македонија Елизабета Ѓоргиевска правеше охридски комад со помош на охриѓанката Наташа Неданоска од „Пирустија Неданоски“ и Slow Food Ohrid.

– Преку македонската национална кујна се поврзуваме со нашите корени, зачувувајќи ги кулинарските богатства што се пренесуваат низ генерации. Комат, кошмишпите, старински бовчи и колач медено срце, беа дел од нашето охридско „мени“, кое со голем мерак го подготвувавме за најранливите сограѓани, порача Ѓоргиевска на нејзиниот профил на Facebook.

May be an image of 4 people

Таа испрати благодарност до секогаш инспиративната Наташа Неданоска од Slow Food Ohrid, до нејзините ученици и до Кристијан Калинов од Ретвитни oброк-Retweet a meal за прекрасната енергија при подготвувањето на охридските деликатеси кои беа донирани онаму каде што се најпотребни преку Црвен крст. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука