Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Уште една сообраќајка на патниот правец Охрид-Струга, возило заврши во Охридското Езеро

Охрид, 16. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – По директен судир на две возила попладнево, на влезот од Струга, едно возило заврши во водите на Охридското Езеро, а друго го блокираше патниот правец.

Ова е втора сообраќајна несреќа, на само 200 метри на истиот патен правец, јави порталот 4news.mk.

Претходно, тешка сообраќајна незгода се случи нешто по 14:00 часот на стариот пат Охрид-Струга. Според првичните информации, во незгодата учествувале автобус марка МАН со скопски регистерски ознаки и патнички автомобил марка „Опел“ од Охрид. Во незгодата е причинета поголема материјална штета.

Струга е домаќин на Преспа форумот за дијалог, чии безбедносни мерки сериозно го отежнаа сообраќајот во Струга, а вчера објавивме и за големи колони кај „Езерски лозја“.

Од неодамна, поради реконструкција на патниот правец Подмоље-Охрид, сообраќајот се одвива по стариот пат Охрид-Струга, што предизвика големи реакции во јавноста, пред се’ поради безбедноста на овој патен правец. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: 4news.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука