Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Охрид доминира во полицискиот Билтен: агресивно однесување, физички напади, семејно насилство, кражба…

Охрид, 18. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Настаните случени изминатите 24 часа на територијата на СВР Охрид доминираат во полицискиот Билтен, регистрирани се агресивно однесување, физички напади, семејно насилство, кражба…

На 18-ти јуни 2023 година, во 04:35 часот, во СВР Охрид приведен е Д.Б.(27) од Охрид. Тој се однесувал агресивно кон полициските службеници кои на улицата „Егејска“ во Охрид преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17-ти јуни 2023 година, околу 23:00 часот, во охридското село Трпејца, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.Ф. врз Н.Ф.(18), двајцата од истото село. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17-ти јуни 2023 година, во 17:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, Ј.Т. од Охрид, во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17-ти јуни 2023 година, околу 19:00 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е В.П.(33) од Охрид. Тој, претходно во семејниот дом, со дрвен предмет го нападнал неговиот татко. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17-ти јуни 2023 година, во 14:40 часот во СВР Охрид е приведена 43-годишната Е.Д. од Ресен, која претходно била затекната при кражба на производи од маркет во Охрид. Предметите се вратени на сопственикот, а против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука