Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Од утре се обновува сезонската авиолинија од Белград до Охрид со Air Serbia

Охрид, 18. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на летната сезона во 2023 година, авио компанијата Air Serbia ќе лета до Охрид и 22 нови дестинации до кои не леташе минатата летна сезона годинава.

Утре, понеделник, 19-ти јуни, ТАВ Македонија организира настан со кој ќе се одбележи обновувањето на сезонска авиолинија од Белград со Air Serbia.

Првиот авион се очекува да слета околу 14:35 часот, по што ќе се одржи церемонија за добредојде со воден мост, пречек на патниците и сечење лента.

Се очекува присуството на министерот за транспорт и врски во Владата на Република Македонија Благој Бочварски, генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт и директорот за комерцијални работи и стратегии на Air Serbia, Бошко Рупиќ.

Според најавите, билетите за Охрид се достапни по цена почнувајќи од 49 евра. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука