Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Спасовски: Во споредба со лани, вкупниот криминал во Охрид и Струга е намален за 22%

Скопје/Охрид, 18. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Вкупниот криминал на подрачјето на СВР Охрид во изминатите пет месеци од 2023 година, споредбено со истиот период претходната година, бележи намалување за 22 проценти, објави на неговито профил на Facebook министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Во делот на тешките кражби, како што наведува, во текот на 2023 година, бележиме намалување за 38 проценти, споредбено со истиот период лани. Класичниот криминал на територија на СВР Охрид во првите пет месеци од 2023 година бележи намалување 20 отсто. споредбено со истиот период 2022 година. Бележиме намалување и во делот на економскиот криминал каде годинава, во споредба со првите пет месеци од минатата, имаме намалување за цели 38 проценти на територија на СВР Охрид, напиша Сасовски во објавата.

Тој додава дека се бележи позитивен тренд и во областа на сообраќајот каде имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

– Од страна на СВР Охрид во првите пет месеци во текот на 2023 година реализирани се 52 настани за превенција. На подрачјето на ОВР Струга, исто така, во првите пет месеци од 2023 година компаративно со истиот период лани, бележиме намалување за 28 проценти на вкупниот број регистрирани кривични дела. Во областа на класичниот криминалитет пак оваа година имаме намалување за 31 проценти споредбено со минатата година, стои во објавата на министерот Спасовски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука