ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридските нуркачи од Центарот „Амфора“ дел од акцијата за вадење камион и цистерна од реката Вардар (Фото)

Скопје/Охрид, 18. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Професионална екипа од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид успеа да ги извлече од реката Вардар камионот и цистерната кои паднаа во реката од мостот во селото Таор.

– За време на големото невреме, проследено со силен дожд, возачот изгуби контрола над возилото и од висина од околу седум метри од мостот во село Таор падна во реката. Оваа операција се изведе со голема доза на ризик, а посебен проблем претставуваше надојдената и брза вода која не дозволуваше пристап до камионот, информираат од „Амфора“.

May be an image of 1 person

No photo description available.

Додаваат дека со голема пожртвуваност и професионализам на нуркачите, мештаните и ракувачот на механизацијата, акцијата е изведена безбедно. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: НЦ „Амфора“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука