Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Од денеска се обновува сезонската авиолинија од Белград до Охрид со Air Serbia

Охрид, 19. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на летната сезона во 2023 година, авио компанијата Air Serbia ќе лета до Охрид и 22 нови дестинации до кои не леташе минатата летна сезона.

ТАВ Македонија денеска организира настан со кој ќе се одбележи обновувањето на сезонска авиолинија од Белград со Air Serbia.

Првиот авион се очекува да слета околу 14:35 часот, по што ќе се одржи церемонија за добредојде со воден мост, пречек на патниците и сечење лента.

Се очекува присуството на министерот за транспорт и врски во Владата на Република Македонија Благој Бочварски, генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт и директорот за комерцијални работи и стратегии на Air Serbia, Бошко Рупиќ.

Според најавите, билетите за Охрид се достапни по цена почнувајќи од 49 евра. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука