Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Air Serbia од 5-ти јуни ќе лета за Охрид

Белград/Охрид, 16. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на летната сезона во 2023 година, авио компанијата Air Serbia ќе лета до Охрид и 22 нови дестинации до кои не леташе во летната сезона годинава, јави дописникот на МИА од Белград.

– Од 4-ти јуни следната година националната авиокомпанија ќе почне да лета за Краков, а само еден ден подоцна, на 5-ти јуни 2023 година, за Охрид и Варна. Авиобилетите за овие нови дестинации се веќе пуштени во продажба. Билетите за Охрид се достапни по цена почнувајќи од 49 евра. Air Serbia ќе лета четири пати неделно до новите дестинации во Полска, Бугарија и Македонија, соопштија од Air Serbia.

Заедно со Краков, Охрид и Варна ќе има вкупно 22 нови града до кои патниците ќе можат да патуваат со Air Serbia.

– Горди сме на фактот дека, вклучително и со чартер дестинациите, во претстојната летна сезона се приближуваме до бројката од речиси 100 дестинации во нашата растечка мрежа, изјави Бошко Рупиќ, директор за комерцијала и стратегија на Air Serbia.

Од Охрид преку Белград патниците ќе имаат можност за поврзаност со голем број дестинации од мрежата на Air Serbia. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука