Здравје Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Бојаниќ: Терапиите во „Валео“ се помеѓу најдобрите што се прават на ниво на Европа

Охрид, 22. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Најдобрите и во текот на јуни соработуваат со најуспешните. Центарот за физикална терапија „Валео“ и ракометарите на ГРК „Охрид“ заеднички до подобро здравје и повисоки спортски резултати.

Владимир Бојаниќ е уште еден од ракометарите кои ја воодушевуваат охридската ракометна публика, пивот на ГРК „Охрид“.

– Доаѓам од Србија. Кога дојдов во ГРК „Охрид“ имав проблеми со рамото и препоните. По терапиите во „Валео“ се чувствувам многу подобро, затоа што терапиите во „Валео“ навистина се на европско ниво. Имав вакви терапии и во претходните клубови каде играв и можам да кажам дека терапиите во „Валео“ се меѓу најдобрите што се прават на ниво на Европа, вели Владимир.

Од „Валео“ порачуваат дека за нашите најдобри ракометари обезбедиле третирање на повреди, физикална терапија и комплетна рехабилитација.

– Не дозволувајте болката да ве оддалечи од квалитетниот живот. До подобро здравје со клинички докажани методи и техники за физиотерапија. Задоволните пациенти се нашиот најголем успех. Да ја победиме болката заедно, порачуваат од „Валео“.

Додаваат дека во текот на јуни се спроведува посебна кампања со дел од најдобрите ракометари на ГРК „Охрид“, за промоција на спортот, здравиот начин на живот и секако бенифитите кои ги има овој вид терапија.

Центарот се наоѓа на улица „АСНОМ“, во населбата „Бејбунар“, а сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат на телефонот 071/506-818. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видеo: Be 1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука