Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Општина Охрид ќе го субвенционира трошокот за картичките за влез во Стариот дел на Охрид

Охрид, 19. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од ЈП „Билјанини Извори“ ја известуваат јавноста дека со одлука на Општина Охрид, износот за добивање на картичка за влез во Стариот град на Охрид ќе биде целосно субвенциониран од страна на Општина Охрид.

– На сите кои веќе извршиле уплата за добивање на картичка, износот целосно ќе им биде рефундиран. Поради тоа ги молиме сите кои веќе уплатиле од утре да дојдат во нашите простории, во Спортската сала „Билјанини Извори“, информираат од ЈП „Билјанини Извори“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука