Забава Избор

Dr Dre го реиздаде неговиот култен албум „The Chronic“ како „The Chronic Masters“

Охрид, 20. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Dr Dre го реиздаде неговиот култен албум „The Chronic“, 30 години по издавањето, но овој пат во limited-edition издание за колекционерите.

Оригинално издаден во далечната 1992 година, овој репрезентативен G-funk албум донесе музика на Snoop Dogg и го означи првиот соло материјал на Dre по разделбата со N.W.A.

Винилното издание на „The Chronic“ беше издадено неодамна, а во продавниците се појави на 1. јуни како „The Chronic Masters“ и донесе бројни ексклузивни парчиња музика, разговори и останати ретки делови од работата на легендарниот Dr Dre. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука