Забава Избор

Eye Cue ја издадоа новата песна „До тебе“

Охрид, 20. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) –

Бојан и Марија од Eye Cue по успешната преработка на „Молитва“ ни ја претставуваат нивната нова песна „До тебе“.

Музиката и текстот го напишаа уиграната комбинација Бојан Трајковски и Кристина Арнаудова, а продукцијата и аранжманот се на Роберт Билбилов.

– За одредени песни едноставно знаеш дека има нешто посебно и дека се поклопиле енергиите на сите вклучени во тимот, токму за оваа песна така се чувствувавме, велат од Eye Cue кои спотот за новата песна го снимија во Лондон, каде во последно време се поактивни на музички план со настапи и снимања.

Тие најавија дека летово ќе имаат настапи и низ Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука