Забава Избор Струга

Гласајте за стружанецот Иван Стефановски кој е на чекор од финалето на талент шоуто „Пат до sвездите“

Струга, 20. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Младиот музичар Иван Стефановски од Струга успеа да влезе во полуфиналето и е на чекор од финалето на музичкото талент шоу „Пат до sвездите“.

Тој успеа да се пласира во полуфиналето на ова реномирано шоу кое ќе се одржи на 28-ми јуни. Вистинско време е да го поддржиме со масовно гласање за да освои максимални поени од публиката и да влезе во финалето.

За Иван можете да гласате на следниов ЛИНК најдоцна до 28-ми јуни 2023 година до 18:00 часот.

Благодарение на неговиот талент, Иван ги освои симпатиите на жирито и без бараж влезе директно во полуфинале, сега на ред е публиката. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука