Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Комплетно саниран „Мостот на желбите“

Охрид, 20. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Изминатиов период се изврши комплетна санација на „Мостот на желбите“.

– Во пресрет на летната туристичка сезона екипите на ЈП „Градски пазар“ извршија комплетна санација на „Мостот на желбите“ кој беше во многу лоша состојба и претставуваше потенцијална опасност за минувачите. Сега гостите и жителите ќе може непречено да минуваат без да имаат било каква опасност, информира градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков на неговиот официјален профил на Facebook. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука