Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Започнува летото

Охрид, 21. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, 21-ви јуни, на северната Земјина полутопка започнува летото. Поради поставеноста на Земјата кон Сонцето, на северната полутопка ќе биде најдолгиот ден во годината (летен солстициум), а на јужната полутопка пак, ќе биде најкраткиот ден (зимски солстициум).

Овој ден е познат уште и како долгоденица за жителите на северната и краткоденица за жителите на јужната полутопка. Наредниот ден, деновите ќе почнат да се скратуваат, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат ноќите и тоа се до зимскиот солстициум (краткоденица) на 21-ви декември. Поради закривеноста на Земјата, должината на најдолгиот ден и најкратката ноќ се различни за секое место, одејќи од екваторот кон половите.

Летото по македонско време почнува денеска во 16:57 часот, а во исто време на Јужната хемисфера почнува зимата. Метеоролошкото лето започна на 1 јуни и ќе трае до 31-ви август. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука