Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Пренос на моштите на светиот великомаченик Теодор Стратилат

Охрид, 21. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на преносот на моштите на светиот великомаченик Теодор Стратилат.

Се празнува на 8-ми февруари и под тој датум е опишано житието на овој светител. На 8-ми јуни се празнува преносот на неговите мошти од Ираклија во Евхаита, зашто свети Теодор му заветуваше на својот слуга Вар кога страдаше: „Телото мое положи го во Евхаита, на имотот на моите претци.“ Свети Атанасиј Синајски запиша едно чудо од иконата на свети Теодор.

Во местото Карсата близу Дамаск имаше една црква посветена на свети Теодор Стратилат. Кога Сарацените го покорија Дамаск, една група Сарацени со жените и децата се населија во таа црква. На ѕидот имаше фреска со ликот на свети Теодор. Еден од Сарацените зеде стрела и со неа го удри лицето од ликот на светителот. Одеднаш од лицето потече крв. А наскоро потоа сите Сарацени од оваа група изумреа во црквата.

Свети Атанасиј вели дека самиот лично бил во таа црква и го видел ликот на светителот со траги од засирена крв. (Крај)

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука