Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Министерот Османи денеска во Лондон се сретна со Кралот Чарлс Трети, кој пред 25 години го посети Охрид (Фото)

Лондон/Охрид, 21. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за надворешни работи во Владата на Република Македонија, Бујар Османи, денеска во Лондон се сретна со Кралот Чарлс Трети и се заблагодари за силната британска поддршка за Македонија.

– Кралот Чарлс има убави спомени од неговата историска посета на Скопје и Охрид, во 1998 година, објави Османи.

Новиот британски Крал Чарлс пред 25 години беше во официјална посета на Република Македонија.

Во ноември 1998 година, тој го посети Охрид каде присуствуваше на отворање на канцеларија финансирана од британските фондови.

Тој го посети и пазарот во Охрид каде на подарок доби зелка, купи шише домашна ракија, а го посети и охридското Теќе. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Tim Graham

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука