Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Физички нападнат 45-годишен жител на Долно Лакочереј во казино на булевар „Туристичка“

Охрид, 21. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви јуни 2023 година, во 04:40 часот, во казино лоцирано на булевар „Туристичка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од 33-годишниот Ж.Р. од Охрид, врз 45-годишниот Д.С. од охридското село Долно Лакочереј.

– Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука