Забава Избор

SUPER Fresh music: Rea Garvey – Free Like The Ocean

Охрид, 22. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Харизматичниот пејач и текстописец Rea Garvey започнува ново музичко поглавје со синглот „Free Like The Ocean“, кој носи порака за безусловна љубов.

Емотивниот текст на песната е карактеристичен за уметникот, а на темата тој пристапува полн со надеж и со голема доза оптимизам, што несомнено е уште една негова карактеристика. Иако во минатото експериментираше со музичките жанрови и успешно ги помести нивните граници, оваа песна го враќа на неговите поп-рок корени.

Десетиците милиони продадени албуми, милијарда стримови на најпопуларните музички платформи и безброј награди постојано го потврдуваат неговиот талент, а со песната „Free Like The Ocean“ Rea Garvey го најавува шестиот студиски албум, кој треба да биде издаден оваа година.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука