Избор Локална самоуправа Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид ќе добие комунално возило за санација на дефекти на канализационата мрежа, донација од Јапонската амбасада во Македонија

Охрид, 22. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во дворот на Општина Охрид, утре ќе се одржи презентација на комуналното возило за брза санација на дефектите на канализационата мрежа во Охрид.

Возилото е донација на Јапонската амбасада за Општина Охрид, а истото ќе го користи ЈП „Нискоградба“.

На настанот ќе присуствуваат градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, јапонскиот амбасадор Оцука Казуја и директорот на ЈП „Нискоградба“, Александар Трпеноски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука