Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Авионот кој не можеше да слета во Охрид, пренасочен и пристигна во Тирана

Охрид/Тирана, 24. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Невремето кое го зафати Охридскиот регион, проследено со силни врнежи на град, предизвика проблеми и во редовниот авио сообраќај.

Авион од компанијата WizzAir кој полета од Малме, Шведска, не можеше да слета на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ и беше пренасочен и слета во Тирана, јави Слободен печат.

Претходно имаше и обид за слетување, но наместо тоа, пилотот помина само преку охридскиот аеродром. Авионот направи круг и над селата Оровник, Горенци, Требеништа, Мислешево. Бидејќи немаше услови да слета, го надлетуваше и Охридското Езеро речиси два часа.

Планираното време за слетување беше во 11:00 часот. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука