Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

ЈП „Колекторски систем“: Пумпите работат со полн капацитет

Охрид, 24. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Не се точни информациите дека не работат пумпите на системот. Моментално работиме со полн капацитет, порачуваат од ЈП „Колекторски систем“.

– Истото може да се види на сликата која е превземена од дирекцијата, каде дел од пумпите се под целосен мониторинг. Апелираме за задржување на објективноста при вакви природни непогоди и заедничка соработка на сите засегнати страни со цел надминување на штетите од оваа временска непогода, потенцираат од претпријатието. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука