Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Невремето предизвика наноси од кал и камења на патот Охрид-Велестово (Фото/Видео)

Охрид, 24. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Големото невреме кое денеска го погоди поширокиот регион на Охрид предизвика повеќе проблеми во движењето на повеќе патишта.

Читатели на OhridPress јавуваат за наноси од кал и камења на патот Охрид-Велестово и апелираат до одговорните да се исчисти и овој дел од градот.

Од видеото и фотографиите се гледа дека е отежнато движењето на повеќе делови од патот, а поради нагорнината, истото може да биде и опасно за жителите на овој дел на градот, но и за посетителите на неколкуте угостителски објекти на овој потег.

извор: ОхридПрес фото/видео: Јовица Башоски

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука