Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ информираат за измената на конкурсните рокови за запишување ученици во второ пријавување

Охрид, 26. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид информираат за измената на конкурсните рокови за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2023/2024 година во второ пријавување.

– Второто пријавување на учениците ќе се врши на 27-ми јуни до 24:00 часот и на 29-ти јуни 2023 година до 10:00 часот. Прелеминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 29-ти јуни 2023 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страницата www.mon.gov.mk најдоцна до 13:00 часот.
Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 29 јуни од 15:00 до 19:00 часот и на 30 јуни од 07:00 часот до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2023 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk, информираат од училиштето.

May be an image of 1 person and text that says 'сосу,,св. кирил и методиј" охрид информациа за електронски упис на ученици во прва година во средно образование! второто призавуване на учениците ke се врши на: 27 луни до 24:00 часот 29 луни до 10:00 часот. електронско призавуване на сл. линк: https://e-uslugi.mon.gov.mk најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk. прелиминарната ранг листа на запишани ученици облавува на 29 луни 2023 г. на https://e-uslugi.mon.gov.mk наудоцна до 13:00 час доставуването на потребната документациа до училиштата на: 29 луни од 15:00 часот до 19:00 часот 30 луни од 07:00 часот до 19:00 часот'

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука