Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Утревечер Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“ во организација на градскиот хор Vox Lychnidos

Охрид, 26. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Утревечер во катедралната црква „Св. Софија“ ќе се одржи јубилејниот петти по ред Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“, во организација на охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“.

– И овојпат подготвивме репертоар што ќе биде едно уникатно доживување за публиката, со промоција на нашата и светската хорска традиција. Ќе настапиме со композициите Ubi caritas – Maurice Duruflé, Море сокол пие за која јас го направив аранжманот, а солисти ќе бидат Драга Ставреска, Јасна Чепуњоска, Мирјана Мартиноска и Виолета Цветковска , следи една традиционалната кeниска песна Wana Baraka – арр. Shawn Kirchner, на која на удиралки ќе не придружува Боби Дамчевски и Kiss from a Rose – арр. Stefan Wyatt со пијано придружба на Гоце Гавриловски, вели за Супер радио и OhridPress диригентот на „Вокс Лихнидос“, Бурим Хидри.

Покрај домаќините, ќе гостуваат два ансамбли од Србија, хорот „Атендите“ при Културниот центар Кикинда и женскиот, мешаниот хор и детската вокална група „Бачки певачи“ од Врбас, потоа Мешаниот хор при КУД „Стив Наумов“ од Битола и женскиот хорски ансамбл од Феризај, Косово.

Почетокот на фестивалот е во 20:00 часот, влезот ќе биде слободен, а концертот ќе биде пренесуван и преку live stream.

Со ова хорот Vox Lychnidos ќе заокружи уште една успешна хорска сезона, со бројни настапи низ Македонија, меѓу кои и учеството на како учеството на на јубилејното 50-то издание на хорскиот фестивал со меѓународен карактер „ ТЕХО 2023”, но и надвор, од кои ги издвојуваат оние во Кикинда и Нови Сад во Србија во октомви минатата година.

Во октомври планираат да учествуваат на Меѓународен хорски натпревар во Херцег Нови, а во ноември на фестивал во Темишвар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука