Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Малолетничка од Велгошти се повредила по пад од велосипед

Охрид, 27. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска, во 00:45 часот, во охридското село Велгошти, на крстосница од улиците „Живко Чинго“ и „Андреја Јованоски“, малолетничка од истото село, управувајќи велосипед, изгубила контрола и удрила во ограда.

– Во несреќата малолетна сопатничка се здобила со тешки телесни повреди, а малолетничката која го управувала велосипедот се здобила со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука