Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност, услови за локален дожд попладне и температура до 27. степени

Охрид, 1. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе се искачи до 28. степени.

– Денес попладне и утре времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во почетокот на следната седмица ќе настапи преодно стабилизирање на времето, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука