Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска промоција на книга за пловните објекти и веслањето низ историјата од Здравко Тупаре

Охрид, 1. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска ќе се одржи промоцијата на книгата „Пловните објекти и веслањето низ историјата на Охридското Езеро и пошироко во Македонија“ од Здравко Тупаре.

Тупаре е хроничар на Охрид, човек од старо охридско семејство, носител на значајни стопански функции во градот и еден од раководителите на веслачкиот клуб „Југ“.

Промоцијата ќе се одржи во кафе барот „Босфор“ во охридската чаршија од 12:30 часот. Книгата е издадена со поддршка на Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука