ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Менкиноски: Јас го истакнав македонското знаме со Сонцето од Кутлеш, но не се чувствувам виновен (Фото)

Охрид, 4. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Јас го истакнав македонското знаме со Сонцето од Кутлеш, но не се чувствувам виновен, бидејќи со тоа немам прекршено ни еден закон, меѓународен или било каков билатерален договор истакна во својата одбрана адвокатот Тони Менкиноски на денешното рочиште во процесот што се води против него.

Вели горд е што го истакнал македонското знаме. Ова не е битка за мене, ова е битка за нас Македонците.

Во барањето за поведување прекршочна постапка што го примил, во самиот опис погрешно било наведено дека истакнал знаме со Сонцето од Вергина, а точно е дека истакнал знаме со Сонцето од Кутлеш. Адвокатот смета дека се работи за провокасија во македонска држава да се користи грчки топоним.

Менкиноски во одбраната го призна фактичкиот настан од 19-ти јануари оваа година, но дека не се чувствува виновен, бидејќи како што рече деке нема прекршено ни еден закон, меѓуароден договор или било каков билатерален договор со истакнување на македонското знаме од Кутлеш.

– Го признавам фактичкиот настан дека на 19-ти јануари 2023 година во 10:00 часот во Охрид на улица „Коста Абраш“ кај малиот плоштад на ѕидот од западна страна го имам истакнато македонското знаме со Ѕвездата или Сонцето од Кутлеш, но не се чувствувам виновен. Сметам дека немам повредено ни еден закон, меѓуароден договор или било каков билатерален договор со тоа што го имам истакнато македонското знаме од Кутлеш, а согласно барањето за поведување пркршочна постапка се тврди дека јас сум го нарушил јавниот ред и мир, потенцира Менкиноски во својата одбрана.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Со развиорени знамиња, скандирања „Да живее Македонија, „Македонија на Македонците“ и пеење патриотски песни група граѓани од Охрид, но и нашинци од Америка и Австралија и денес беа пред Основниот Суд во Охрид да му дадат поддршка на Менкиноски.

– Денес го судат знамето, ова е македонско на македонците, ние од Австралија дојдовме да дадеме поддршка.

– Менкиноски седнува на обвинителна клупа,а во ниеден закон не стои дека е забрането е да се вее нашето старо македонско знаме. Македонскиот народ се крена, се осознава самиот и нема веќе страв, одиме да ја урнеме оваа Влада и да дојдат чисто македонци и Македонија да заживее, коментираа дел од присутните.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Иако била уредно доставена покана и на денешното рочиште не се јавија претставници на СВР Охрид.
Тој побара четири лица од СВР Охрид да бидат повикани и да образложат како е нарушен јавниот ред и мир врз основа на која законска или подзаконска норма се повикуваат на барањето за поведувањсе прекршочна постапка.

Судијата што го води случајот главниот претрес го закажа за 26-ти септември 2023 година во 09:30 часот.

Менкиноски додаде дека ако и тогаш во судницата не се појават претставници од СВР Охрид, тој ќе побара ослободителна пресуда поради не се појавува никој од другата страна и треба да значи слобода за нас македонците, достоинствено да го вееме ова знаме. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука