Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска промоција на стрип книгата „Авантурите на Кико и Веки“ од Јордан Манасијески

Охрид, 6. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Стрип центар на Македонија од Велес, денеска во Охрид ќе се одржи промоција на стрип книгата „Авантурите на Кико и Веки“ од Јордан Манасијески од Охрид.

Авторот Манасијески е роден 1948 година и има завршено Ликовно педагошка академија во Скопје во 1969 година. Тој уште од 1981 година црта стрипови со истите јунаци.

Се работи за издание на Стрип центарот во склоп на Годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија за 2023 (сектор издаваштво).

Промоцијата ќе се одржи во Културно информативниот центар КИЦ „Култура 365“ во Охрид, денеска, четврток, 6-ти јули 2023 година, со почеток во 19:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука