ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Се затвораат големите дупки наспроти Пожарната на улица „Македонски просветители“ (Фото)

Охрид, 6. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Поголемата дупка наспроти Пожарната што подолго време беше оставена отворена по зафатите за поставување нова водоводна инсталација на дел од улицата „Македонски просветители“ започна да се санира.

Екипи на „Нискоградба“ на ова место прават шахти, што ќе се користат кога ќе треба да се запре водата при некоја интерванција.

Како што претходно објавивме, завршија градежните зафати за целосна промена на водоводната линија на делот од улицата „Македонски просветители“, од ЕВН до Пожарната.

Директорот на ЈП „Водовод“ Марјан Ристески, за Супер радио и OhridPress изјави дека нивниот дел од работата во овој дел е завршен, додека кракот од улицата покрај Пожарна, до пресек со улицата „Абас Емин“ ќе се реконструира наесен.

По честите дефекти на водоводната мрежа на овој потег во април и октомви минатата година промената на водоводната линија на делот од улицата „Македонски просветители“, од ЕВН до Пожарната беше приоритетен проект за ЈП „Водовод“. Конечно во првата половина на мај годинава започнаа градежните зафати за промена на водоводната инсталација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука