Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Преподобен Давид Солунски

Охрид, 9. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Преподобен Давид Солунски.

Овој подвижник по потекло солунец живееше во петтиот и шестиот век. Својот подвиг го започна близу Солун, каде подигна колипка под едно бадемово дрво па живееше во неа.

Потоа се подвижуваше во Тесалија. Живеејќи во постојан труд да ја стекнува божествената љубов, тој толку се усоврши во Бога што во една пригода можеше да стави жар во дланката за да го окади царот, без тоа да му наштети.

Се упокои во 540 година. (Крај)

извор: МПЦ-ОА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука