Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Четири лица физички се пресметале на плажа во Охрид

Охрид, 9. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми јули 2023 година, околу 14:20 часот, на плажа на брегот на Охридското Езеро, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу лице на возраст од 45 години од една и три други лица, сите од Охрид, од друга страна.

– Во врска со случајот, при претрес, извршен по судска наредба во домот на 45-годишниот охриѓанец, полициските службеници од одделението за борба против дрога и оружје пронајдоа и одзедоа една ловна пушка „Маверик“ калибар 12 милиметри и 59 куршуми различен калибар. По целосно расчистување на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од Секторот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука