Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Започнува „Летната пливачка школа 2023“ на „Акваспирит“

Охрид, 10. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – По едно одложување поради ниската температура на водата во базенот „Атина Бојаџи“ во Охрид, денеска ќе започне „Летната пливачка школа 2023“ на клубот „Акваспирит“.

– Покрај стандардната опрема (костим за капење и крпа), добро е да се носи и топла облека (дуксер, тренерка) за после часови. Да се запазат термините кои ги одредивме за време на уписите. Предпладне од 09:00 до 09:30 часот, од 09:30 до 10:00 часот, од 10:00 до 10:30 часот и од 10:30 до 11:30 часот. Попладне од 17:30 до 18:00 часот, од 18:00 до 18:30 часот и од 18:30 до 19:00 часот, информираат од „Акваспирит“.

За дополнителни информации сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат на телефоните 077/703-686 (Славчо) и 078/355-291 (Миле). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука