Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Од ЦЈЗ Охрид со информација за достапноста и термините на микробиолошките услуги и прегледи

Охрид, 10. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од охридскиот Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) со информација до сите пациенти, корисници на нивните услуги и матичните лекари за достапноста и термините на микробиолошките услуги и прегледи.

– Постојано го унапредуваме стручниот и професионален однос на персоналот во Центар за јавно здравје Охрид и ја прилагодуваме достапноста на нашите услуги до потребите на нашите корисници. Токму затоа, во летниот период, почнувајќи од денес, 10-ти јули, па се’ до 31-ви август 2023 година, микробиолошките услуги и услугите за здравствено хигиенски прегледи (санитарни книшки) ќе бидат достапни секој работен ден од 06:30 до 15:00 часот. Секоја сабота, од 08:00 до 12:00 часот вработените во микробиолошката лабораторија на Центар за јавно здравје Охрид ќе бидат на располагање за потребите на пациентите за микробиолошки анализи на хуман материјал. Посветено и креативно се грижиме и за Вашето добро расположение при посетата на нашата установа, каде во пријатен амбиент, во секое време можете да вкусите ладен сок, кафе, топол чај, кекси. Со посебен пристап, бројни интересни содржини и изненадувања се грижиме и за нашите најмлади пациенти, дечињата, да се чувствуваат пријатно и заборават на стравот при вршењето на медицинските третмани во нашата установа, информираат од Центар за јавно здравје Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука