Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридски „Водовод“ со апел водата за пиење да не се користи за наводнување

Охрид, 10. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – ЈП Водовод Охрид апелира до граѓаните да не се злоупотребува водата од водоводната мрежа за наводнување на земјоделските насади.

– Поради реакции на граѓани од недостиг на вода за пиење, апелираме до сите корисници, посебно во населбите од околината на Охрид каде што има земјоделски површини, во најавениот период со зголемени температури да не се злоупотребува водата од водоводната мрежа, за наводнување на паркови и земјоделски насади, велат од „Водовод“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука