Избор ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

На ФТУ има место за 302 бруцоши, првиот уписен рок од 21-ви до 23-ти август

Охрид, 10. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од 21-ви до 23-ти август на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола (УКЛО) ќе се спроведе првиот уписен рок за академската 2023/2024 година.

На охридскиот Факултет за туризам и угостителство може да се запишат 302 нови бруцоши, за 40-на помалку од лани.

Редовни студенти во државна квота, со партиципација од 200 евра ќе се запишат вкупно 136, редовни со кофинансирање од 400 евра – 103, а има место и за 63 вонредни студенти, со партиципација од 400 евра.
Идните академски граѓани може да избираат меѓу студиските програми за туризам, каде има 50 слободни места, осигурување и менаџмен со ризик 40, царина и шпедиција 60, за менаџмент во услужен сектор предвидени се 50 места, на гастрономија 40, а на хотелско-ресторански менаџмет може да се запишат 30 средношколци.

И оваа академска година ќе бидат активни студиските програми на англиски јазик, на насоките туризам и царина и шпедиција, а ќе може да се запишат по 16 студенти.

Доколку не се попопнат квотите, вториот уписен рок е на 6-ти и 7-ми септември, а третиот на 22-ри септември.

УКЛО, во чии рамки е и охридскиот ФТУ и во новата академска година го стимулира уписот на најдобрите. На секоја единица на Универзитетот, од сите студиски програми заедно, на  три најдобро рангирани  кандидати, ќе им бидат рефундирани средствата од плаќање партиципација за првиот семестар од првата година на студии. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука