Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

„Vitaminka Challenge лето 2023“ – Skate park Охрид (Видео)

Охрид, 20. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Како продолжение на успешната соработка со најголемите компании од државата и регионот повеќе од една деценија наназад, охридските „Тамаро“ маркети и водечкиот медиум во регионот, Супер радио, и ова лето нудат врвна забава, многу подароци и насмевки за сите.

Прекрасно лето охридско со нашите традиционални пријатели од Vitaminka и Тамаро кои повторно го носат вистинскиот вкус на ова лето. Во текот на јули и август ќе се дружиме, ќе подаруваме многу вкусни производи и секако подготвивме многу забава за Вас.

Дарко, Бора, Марче… само дел од нашите урбани херои кои секојдневно уживаат на одбрани локации во градот кои се омилени места за нив. Вистински претставници на новото време и новите генерации, кои знаат што сакаат, а тоа го сакаат сега и веднаш.

Stobi Flips беше нивниот избор за омилен Витаминка производ и совршен одмор за грицкање после нивните потези кои предизвикуваа внимание кај посетителите.

– Ова лето, заедно со Тамаро имаме подготвено за Вас „Vitaminka Challenge“ – супер атрактивни настани со охридските скејтери, кои се дел од оние кои најмногу уживаат во Витаминка производите. Младоста е тука, иднината е тука, да ги споиме адреналинот, убавата музика и највкусните Витаминка производи, порачуваат организаторите.

Скејт паркот e посебна локација во Охрид, лоцирана кај пешачката патека, специјализирана за овие млади луѓе кои уживаат во животот со полни гради.

Мирно и топло лето Охридско, да уживаме со нашите скејт-пријатели, Тамаро и секако Витаминка.

И оваа кампања е ново дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот.(Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио/Be 1 Digital marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука