Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Заврши годинешната обука за спасители на отворени води

Охрид, 11. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 23-ти до 30-ти јуни 2023 година, во организација на Црвен крст на Република Македонија, Општинска организација Охрид, се одржа обука за спасители на отворени води.

– На кандидатите кои успешно ја завршија обуката и се стекнаа со звање спасител на вода и помлад спасител на вода, Црвен крст Охрид им понуди и обезбеди платен ангажман на соодветни капалишта во летната сезона 2023 година, информираат од охридскиот Црвен крст.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука