Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Вечерва изложба на стари фотографии „Охрид 1940-45“ во Охрид

Охрид, 11. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во НУЦ „Куќа на Уранија“ – МАНУ во Охрид, вечерва од 20:00 часот ќе биде отворена изложбата на стари фотографии насловена „Охрид 1940-45“.

Изложбата претставува ретка можност да се видат фотографии од Охрид снимени во периодот од 1940 до 1945 година од фотографот Јонче Поп Стефанија (1915, Охрид – 1983, Охрид).

Фотографиите се изработени од оригинални негативи, на архивска хартија и истите се од колекцијата на Македонскиот центар за фотографија. Автор на изложбата е Роберт Јанкулоски, универзитетски професор и директор на Македонски центар за фотографија, јави порталот okno.mk.

Изложбата го опфаќа периодот на Втората светска војна како и времето пред започнувањето на војната, а дел од фотографиите се снимени веднаш по ослободувањето на Охрид.

На фотографиите е прикажан животот во Охрид за време на војната, граѓаните, војниците присутни во градот и секојдневните активности на Охриѓани.

Изложбата ќе биде поставена до 19-ти јули 2023 година.
извор: okno.mk фото: okno.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука